На 93-годишна возраст, денеска, во Битола, почина дојаенот на битолското и македонското новинарство Димитар Димитровски – Такец.
Новинарот, поет и писател познат во јавноста како Такецот, најголем дел од кариерата ја мина во Нова Македонија, Битолски весник и Радио Битола.
Неговото последно авторско дело беше посветено на битолски Широк Сокак, а својот потпис го ставил и на бројни публикации.
Димитар Димитровски – Такец ќе биде погребан утре на Буковските гробишта во Битола.