Почина момчето кое пред 10 дена беше нападнато во Автокоманда

Од:

Утрово во осум часот почина 21-годишниот Никола Саздовски, кој на 29-ти јуни физички беше нападнот од страна на три машки лица на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“.

На 30 јуни Министерството за внатрешни работи соопшти, дека на 29 јуни, околу 17.30 часот, бил физички нападнат Н.С. од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“).

По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот, додека Н.С. со возило на Итна медицинска помош во неконтактибилна состојба е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.

По инцидентот, две лица беа приведени во Полициска станица Кисела Вода поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело.

На 2 јули, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“.

По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски