Почина мајката на Љубе Бошкоски – Не успеа да ја види и покрај неколкуте барања

Од:

Љубе Бошкоки не успеа да се види со неговата мајка за последен пат. Иако бараше од власта да го пуштат на еден ден да се види со болната мајка, тоа не му беше дозволено. Барање имаа поднесено и адвокатот и неговите сестри, но одговорот беше негативен. Таа не успеа да го дочека да излезе и од македонскиот затвор, иако му праќаше пораки дека ќе го дочека да излезе како што тоа се случи со Хаг. Власта е на испит-дали сега ќе му дозволат да се прости со неа за последен пат?

Бошкоски по одбивањето да се види со болната мајка напиша писмо до неа кое беше објавено од медиумите.

Мајко, кога мислам на тебе, силно би сакал да сум кај тебе, сега кога сум ти најпотребен старице моја. Ти ветив ќе бидам покрај тебе кога ќе расцвета џенариката во нашиот двор во Март, сега е 6 јуни, четири години од моето самување во Идризово и девета година како секоја ноќ сонуваш будна наутро велиш ќе дојде чедото мое.

Мајко моја толку сакам и ова утро да можам од три чешми вода да ти донесам, во блатечкото букаре, да се напиеш ожедната од годинити мачни, да ти ја доподарам љубовта за мајка што се чува.
Ќе те прашам мајчице, расцветаа ли липите во комшискиот двор, се шири ли тој опоен мирис низ Трљачој…уште ли е убаво нашето мало?

Јас мајко го одбрав овој пат уште пред 30 години, кога ти и татко имавте по 63 години, бев млад и имав 24 години… а пред 25 години се зачленивме во ВМРО ДПМНЕ, она нашето – идеолошкото и ти и татко ми и сопругата моја, живеевме заедно и со моите дечиња и го сонувавме сонот македонски.

Целите наши животи мачно, но чесно заработувавме во Хрватска, без двоумење го делевме со ВМРО за Македонија, но колку само силни навреди и понижувања доживувавме 90-тите години и колку навреди доживуваме денес…но и колку љубов?

И ова утре ме разбуди мачниот робијашки загор, гледам низ прозорот и пак необјаснет немир во душата те гледам притисната старице моја и пак сакам многу да ти кажам и да те прашам седнати на широкиот чардак во Челопек од каде се гледа Шара како да е во пред нас во нашиот двор….беше дел од писмото на Бошкоски кој во неможност да ја види, и го напиша на својата мајка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска

Стојков за апсењето на Љубе: Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 1 до 8

Ана Ололовска