Почина Љупчо Митревски, научен советник во Институтот за македонски јазик

Од:

На 53-годишна возраст денеска ненадејно почина Љупчо Митревски, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.

По повод неговата смрт утре во 10 часот и 30 минути ќе биде одржана комеморативна седница во Институтот за македонски јазик.

Митревски од 1988 до 2009 година работел во Институтот за старословенска култура во Прилеп, а потоа во Институтот за за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Бил соработник на повеќе проекти: Писмени споменици за средновековната култура на Македонија, Универзален словенски речник, (Торонто, Канада), Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција и др. Бил автор и коавтор на повеќе критички изданија на македонски средновековни ракописи, преведувач и лектор по македонски јазик во Брно, Чешка Република (2004−2009).

Член бил на Комисијата за лекторски испит при Министерството за култура.

Митревски учествувал на повеќе научни конференции, на специјалистички, стручни и јазични школи. За својата научна дејност добитник е на повеќе признанија меѓу кои и на наградата „Гоце Делчев“ во 1996 година.

Би можело да ве интересира

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Независниот синдикат за образование и наука бара зголемување на платите на просветните работници

Татјана Ташкова

Истекува рокот за избор на „Најдобар млад научник“ за 2016 година

Ана Ололовска

Научен симпозиум „Денови на Јустиниан I“

Ана Ололовска

Македонец предводи тим американски научници во новиот национален центар за прочистување вода

Ана Ололовска

Македонец во големо истражување за нано-материјалите

Емир Латифовиќ