Почина Љубица Рубен

Од:

По кусо боледување во Скопје почина Љубица Рубен – Буба.

Родена е во Битола, а животниот пат го продолжи во Скопје, каде што дипломираше на Правниот факултет. Таа беше основач на правната компанија МЕНС ЛЕГИС по повеќегодишната адвокатска практика.

Активно работеше на подобрување на бизнис климата во Република Северна Македонија и регионот преку учество во голем број проекти.

Членуваше во работни групи за измена на закони, воедно беше и предавач, едукатор, организатор на семинари, автор на многу текстови во стручни списанија од областа на правото и експерт во областа на заштита на права од индустриска сопственост.

Погребот ќе биде на градските гробишта Бутел во Скопје в среда (18 август) во 11 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во 10 часот.

Би можело да ве интересира

Почина Ерик Дејн, ѕвездата на „Вовед во анатомија“

Комеморација за актерката Ленче Делова во Драмски театар

Почина Џеси Џексон, американскиот активист за граѓански права

Почина актерката Ленче Делова

Катерина Ѓуровски

Почина Натан Смит, синот на Лил Џон

Момче почина во кавадаречко Возарци