Почина докторот Венци Чалков, гинеколог кој беше дел од судскиот процес поврзан со смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе пред десет години.
Чалков заедно со колегата Дончо Москов од Струмица беа обвинети за кривичното дело „Тешки дела против здравјето на луѓето“.
Минатиот месец, Апелациониот суд им изрече условна казна затвор од шест месеци, која ќе се изврши само доколку во наредните две години сторaт ново кривично дело. Случајот беше завршен една недела пред да застарее кривичното дело, а по изречената пресуда најавена е жалба до Врховниот суд.
Во истиот случај беше обвинет и анестезиологот Томчо Ванчев од Гевгелија, кој веќе почина, како и вториот анестезиолог Зоран Јовановски, кој исто така почина за време на истрагата.
