Почина филологот, научник и професор Атанас Вангелов

Од:

Филологот, научник и професор Атанас Вангелов почина денеска на 75 годишна возаст. Пред десетина дена по повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание доделена му беше државната награда “11 Октомври”, за животно дело во областа на науката и образованието.

Беше поет, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар, драмски автор, преведувач. Роден е во Богданци на 6 февруари 1946 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил претседател на Советот на СВП. Бил лектор по македонски јазик и литература во Париз. Работел како новинар во Радио Скопје. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Член на ДПМ од 1967 година.

Автор е на книгите: Земјата на цветот (поезија, 1966), Препев на планината (поезија, 1970), Мистер Порфирие (телевизиска драма, 1971), Живеалиште (поезија, 1974), Глетки и пивиденија (поезија, 1977), Песме / Песни (1978), Артизмот и современата македонска поезија (студија, 1978), Преданија (поезија, 1978), Литературни студии (1983), Строго доверливо (поезија, 1985), Решето (критики, 1985), Неодредени лични заменки (драма, 1986), Семантички фигури во македонската народна лирика (студија, 1987), Траги (поезија, 1991), Преписите на Божин Павловски (студија, 1992), Микрочитања (критики, 1993), На безгласје глас (поема, 1994), Гласови и траги (поезија избор, 1995), Исказот и стварноста (критики), Водопад (поезија, 1998), Морфологија на бо(љ)шевизмот(студија, 1998), Проетцонтра македонизми (критики, 1998).

Добитник на наградите: „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Божидар Настев“, „Димитар Митрев“, „Златно перо“, „Григор Прличев, “11 Октомври”.

Би можело да ве интересира

Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат

Горан Наумовски

Почина Бошко Стаменковски, светски шампион и рекордер во бенч-прес и пауерлифтинг

Почина новинарот и поранешен директор на МИА, Живко Георгиевски

Почина новинарката на МИА, Ирена Радовановиќ

Горан Наумовски

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова

Почина новинарката Гордана Дувњак

Катерина Ѓуровски