Почина доајенот на македонското новинарство Љубомир Демирев

Од:

На 67-годишна возраст денеска почина Љубомир Демирев – Демо, еден од доајените на македонското новинарство. Целиот свој работен век го помина во Македонската радио-телевизија, како новинар и уредник на Информативната програма.

Демирев ќе остане запаметен во македонската јавност, како известувач и уредник за настаните, врзани со процесите на македонската независност. Тој секогаш беше посветен на младите, зад себе оставајќи генерации на успешни новинари. Демирев беше автор на повеќе документарни филмови.

Посмртните останки на Демирев утре ќе бидат изложени во капелата во 11 часот, а погребот е во 12 часот на градските гробишта во Бутел.

Би можело да ве интересира

Формиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите, МВР воспостави национална и локални контакт-точки

Горан Наумовски

ЗНМ и ССНМ реагираат: Попречувана новинарка на Телма при известување за инцидентот во Битола

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ССНМ и „Еднаква“: Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

Горан Наумовски