Четиригодишниот Џеваир Усеини, кој беше нападнат од кучиња во петокот, денеска околу 13 часот им подлегнал на повредите и починал на универзитетската клиника КАРИЛ во Скопје.
Малиот Џеваир бил нападнат од кучиња во селото Бачишта, Кичево. Детето било на апарати за дишење три дена, во критична и животозагрозувачка состојба. На скопските клиники било примено во тежок хеморагичен шок. Било распарчено од кучињата, со искинат стомак, имало тешки повреди и скршеници на черепот и градниот кош. Операцијата траела повеќе од 4 часа и лекарите морале да ги извадат едниот бубрег и слезинката.
Од МВР информираат дека ќе биде направена обдукција.