Почина четиримесечно бебе во Кочани

Од:

Почина четиримесечно бебе во Општата болница во Кочани. Во писменото соопштение од СВР-Штип се вели дека вчера во 15.55 часот во Полициската станица Кочани, од Јавната здравствена установа во Кочани било пријавено дека околу 15.10 часот за укажување на лекарска помош од страна на родителите било донесено дете на возраст од околу четири месеци.

Околу 16.00 часот, и покрај укажаната лекарска помош, детето починало. По наредба на ОЈО била извршена обдукција, а потоа телото
било предадено на родителите.

Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека на подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на пет лица им се издадени
решенија за изолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 60 контроли над лица во изолација и 81 над лица во самоизолација. Едно лице не го почитувало Решението за изолација.Забраната за движење не ја почитувале две лица, истите се приведени , земени им се податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Поднесени се две известувања и 10 кривични пријави по чл.206 од КЗ. Контролирани се вкупно 154 објекти.

Би можело да ве интересира

Грозданов: Сите настани за новогодишните празници сакам да ги договорам со Здружението „16 март 2025 Кочани“

А1он

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски