Шестгодишно девојче починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница. Информацијата за А1он ја потврдија и од обвинителството.
Девојчето било донесено во болница околу 10 часот со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа. Било примено на Педијатрија, каде што според информациите му била дадена терапија и инфузија. Состојбата на детето нагло се влошила и околу 14. часот починало.
Директорот на Битолската клиничка болница, Александар Обедниковски потврди дека има починато дете
Со оглед на фактот дека детето починало во болница веднаш е наредена обдукција, и според обвинителството таа е во тек. Известен бил и надлежен јавен обвинител кој го превзел случајот.
Од обвинителството за А1он велат дека се превземени сите мерки за обезбедување на комплетната медицинска документација, а се чекаат и резултатите од обдукцијата за да се утврди од што починало девојчето.
„ Во моментов не можеме да дадеме повеќе информации, додека не заврши обдукцијата и не се спроведат сите потребни мерки“ велат од обвинителството.