Почина 35-годишен алпинист од Скопје, по пад од голема висина искачувајќи се на планинатата Матка.
Лице од обезбедувањето во хидроцентралата Матка вчера изутрина во 07:45 часот забележало како алпинист, кој се искачувал на планината паднал од поголема висина.
По преземените мерки било констатирано дека се работи за И.М. (35) од Скопје, којшто во 11:45 часот им подлегнал на повредите во Ургентниот Центар во Скопје.