Почина 27- годишна штипјанка од смртоносната конго- кримска хеморагична треска, ја каснал крлеж

Од:

Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети информира дека на 27.07.2023 година во лабораторијата за вирусологија бил докажан причинител на конго-кримска хеморагичка треска кај пациентка која била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

„Се работи за 27-годишна жена од с. Кучица, Штип која поради брзо прогресирање на болеста починала истиот ден. Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од СЈЗ Штип направи веднаш увид во селото, клиничката болница Штип и ИМП Штип. Направена е и епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж кој бил изваден во домашни услови, по појава на симптоми (неколку дена по каснувањето) најпрво била хоспитализирана во Штип а потоа во Скопје“, истакна Мемети

Тој додава дека со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице направено било пребарување на сите контакти во семејството, како и во КБ и ИМП Штип при што биле класифицирани според ризик (висок, среден и низок).

Од контактите со висок ризик беа земени четири материјали за тестирање и истите се нергаивни. Сите контакти од среден и висок ризик се ставени под здравствен надзор во наредни 14 дена.

Втор тим од епидемиолози од ИЈЗ направи увид на Инфективна клиника со пребарување на сите контакти и нивна класификација.

ИЈЗ подготви сеопфатна информација со сите преземени мерки како и препораки за понатаму.

Би можело да ве интересира

Почина една од повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад

Почина поетесата и авторка за деца, Славка Арсова

Почина писателката Оливера Николова

Почина Квинси Џонс

Македонската естрада се збогува од Зоки Фаци

Катерина Ѓуровски

Почина Зоки Фаци, ја загуби битката со ракот

Катерина Ѓуровски