Почина 25-годишно момче откако се повредило на градилиште во Скопје

Од:

МВР извести дека денеска во 9.15 часот во СВР Скопје, од градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.С.(25) од скопското село Сингелиќ, кој набргу починал.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма, на објект во изградба на подрачјето на Центар.

Увид е извршен, а известени се трудова инспекција и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Почина четиригодишниот син на пејачот Марјан Стојаноски

Почина Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм

Се истражува како почина брачен пар од Кина во стан во Скопје

Горан Наумовски

Почина Раиф Диздаревиќ

Почина норвешкиот крал Харалд

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан