Почина 15-годишното девојче повредено во сообраќајката во Куманово

Од:

Почина петнаесетгодишното девојче Т.Ц. кое се здоби со тешки телесни повреди во тешката сообраќајна несреќа што се случи на 2 јуни во Куманово на крстосницата помеѓу булеварите “Трета МУБ”, “Октомвриска Револуција” и улицата “Благоја Богдански Гуцман”, потврди кумановската полиција.

Несреќата се случи во неделата, кога 25-годишниот Б.М. кој управувал со патничко моторно возило, марка “бмв”,со кумановски регистарски таблички, движејќи се кон центарот, пред крстосницата изгубил контрола, при што удрил во бетонска жардињера, а потоа удрил во задната страна на автомобил “рено” кој го управувал 44-годишниот И.Н, кој чекал на семафорот.

Од ударот, автомобилот „рено“ удрил во друго возило кое се наоѓало пред него, а потоа излетало на десна страна од коловозот и удрило во петнаесетгодишните А.С и Т.Ц кои стоеле на тротоарот.

Истражен судија од основниот Суд Куманово, пред два дена, на возачот Б.М му одреди мерка притвор во траење од триесет дена.

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски