Почесниот конзул на Косово, Арсим Папранику на распит во полиција

Од:

Почесниот конзул на Косово во земјава, Арсим Папранику во моментот е на информативен разговор во полициската станица Карпош.

Тој се поврзува со заминувањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби на Косово.

Премиерот Христијан Мицкоски откри дека Груби со дипломатско возило со еден стопанственик заминал за Косово.

– Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово, рече Мицкоски.

Груби и директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија, се недостапни за органите на прогонот. Основниот кривичен суд им одреди мерка притвор од 30 дена, а денеска Министерството за внатрешни работи распиша и меѓународна потерница.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Продолжен e домашниот притвор за Артан Груби

А1он

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски