Побарани се снимките од надзорните камери на раскрсницата, за да се утврди како загина младата радовишанка

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби едно лице, а уште едно беше повредено информираат од ОЈО.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од лице на возраст од 22 години, удрил во двајца пешаци, девојка и момче на возраст од по 24 години, кои поминувале преку улицата. Од здобиените повреди, оштетената починала на лице место, додека другиот пешак е повреден и пренесен во болница.

По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот веднаш по несреќата е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатата, а ќе биде направено и вештачење на примероци од крв и урина од возачот на автомобилот за да се утврди дали тој управувал со возилото под дејство на алкохол или други недозволени супстанции.

Издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот на местото каде се случи несреќата. Се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде донесена одлука за натамошното постапување.​​

Би можело да ве интересира

Таткото на загинатата Викторија до судиите: Ја убивте вие повеќе од убиецот, кого го направивте жртва

Кристијан Ландов

Апелација одлучи возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити мол“ да лежи четири години затвор, наместо три

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Пијаница со 150 км/ч ми го уби детето, издржа казна четири години и излезе, каде јас да барам правда, праша мајка на протестот пред судот

Маја Илиевска-Пачемска

Вложена жалба на пресудата за тешката сообраќајна несреќа во скопски Карпош

Ана Ололовска

Сестрата на загинатата Викторија: Срамота за судот, имате ли барем грам човечност?

Кристијан Ландов

Протест пред Кривичен в петок, поради тригодишната казна за возачот кој ја усмрти Викторија

Кристијан Ландов