Побарана помош од ОЈО Велес за одземање на документацијата од „Брако“ за изгорената модуларна болница

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово испратило истражители во Министерството за здравство за да ја подигнат документацијата за изгорената модуларна болница во Тетово, а истовремено побарале помош од велешкото ОЈО за одземање на документацијата што ја има за градбата на модуларната болница што ја има компанијата „Брако“. Ова се последните преземени активности во обидот да се утврди како настанал пожарот во кој 14 лица трагично ги изгубија животите.

„Доставена е наредба да се обезбеди целокупната документација по однос на градбата на модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово. Побарано е да се обезбедат податоци во врска со лицето кое било одговорно за раководење со изградбата, лицето кое имало овластување за надзор при градбата на истата, да се достави извештај дали е извршен технички прием и доколку е извршен – кој го извршил и кои лица ја изготвиле техничката спецификација за јавната набавка за модуларните болници изградени во Република Северна Македонија. Исто така, издадена е и наредба за градежно вештачење до Градежен институт ’Македонија’, за да се подигнат примероци од опожарениот вграден градежен материјал од самото место на настанот – под, таван, ѕидови, прозори, врати, изолација и слично од модуларната болница, со цел да се испита и да се образложи од каков материјал се изработени, каков материјал е вграден во модуларната болница во Тетово и да се преземат и други потребни дејствија, кои се во насока на утврдување на составот на градежните материјали“, соопштија од Обвинителството.

Од Обвинителството известуваат дека дополнително доставиле наредба до ЈЗУ Клиничка болница во Тетово за доставување на податоци во насока да се утврди дали ЈЗУ Клиничка болница во Тетово има изготвено Елаборат за складирање на хемикалии и горива, како и генератори при прекин на струја, како и да се достави Планот за електрична инсталација на модуларната болница.

„Издадена е писмена наредба до ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, да се достави Планот – елаборат на системот за снабдување со кислород со доводи, цевки и приклучоци за модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово. До ’ЕВН Македонија’- КЕЦ-Тетово издадена е писмена наредба за доставување на елаборат за снабдување со електрична енергија, односно Планот за целокупната електрична инсталација за модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово“, соопшти Обвинителството.

Инспекторите за компјутерски криминал во СВР Тетово добиле усна наредба да ги обезбедат сите снимки од поажарот објавени на социјалните мрежи, да се достават службените белешки од извршените разговори вечерта за време кога се случи пожарот, листа на членови на семејствата, како и на починатите лица и пациенти болни од Ковид – 19 кои биле евакуирани.

„По прибирање на потребните податоци, лицата ќе се сослушаат во Основно јавно обвинителство во Тетово и ќе биде подготвен посебен извештај во врска со првопристигнатите полициски службеници, во смисла на тоа дали презеле некои дејствија на кршење на прозори, врати или ѕидови или во внатрешните простории, дали некое полициско лице било присутно на лице-место, за начинот на кој е известено во СВР-Тетово за настанатиот пожар, како и од кого биле известени“, стои во соопштението од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство во Тетово во соработка со Основното јавно обвинителство во Скопје, презема дејствија и активности со цел да се утврди дали и какви мерки на противпожарна заштита се применети во Модуларната болница во Тетово од пуштањето во употреба до денот на настанување на пожарот. Донесена е писмена наредба со цел да се прибават и сите протоколи за начинот на работа, како на Модуларната болница, така и на ЈЗУ Клиничка болница во Тетово.

Истовремено, обвинителството продолжува да сослушува сведоци и лица кои даваат потребни известувања, по однос на трагичниот настан.

Би можело да ве интересира

Трето рочиште за завршни зборови во судскиот процес за модуларната болница во Тетово

Катерина Ѓуровски

Електричната инсталација во модуларната во Тетово не била по прописите, ја инсталирале двајца вработени во болницата сведочеше вештак

Ана Ололовска

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Ана Ололовска

Се бара слобода за докторот обвинет за пожарот во модуларната болница, рочиштето одново се одложи

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Прво судење за изгорената болница: Едниот директор не дојде на судење, другиот не чувствува вина

Кристијан Ландов

Ексдиректорот на тетовската болница еден од обвинетите за пожарот: Апсолутно не гледам вина кај мене

Кристијан Ландов