По синот, вработен и братот на пратеничката Мира Стојчевска

Од:

Братот на пратеничката Мира Стојчевска од вчера е вработен во РЕК Битола, дознава „А1он“.

Ова вработување доаѓа истовремено со вработувањето на нејзиниот син Виктор Стојчевски во ЕЛЕМ, на што јавноста реагираше дека СДСМ си ги вработува семејствата на најпрофитабилните места.

„А1он“ побара одговор од Стојчевска за вработувањто на нејзниот брат, но таа вели дека нема информации за ова вработување и додава „Тој си е фамилијарен човек, јас стварно не знам. Го барав, не ми се јави“.

„Одговорно тврдам дека од мојата позиција како пратеник, не сум влијаела за ничие работно место“, вели Стојчевска.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за вработувањето на кадри од СДСМ во државната администрација рече дека два-три случаи на вработување не значат непотизам. Според Манчевски, сите членови на неговата партија 10 години биле најдискриминирани, па така, го оправдува нивното вработување во јавниот сектор.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Мицкоски најавува одбрана од европскиот енергетски шок: Јаглен од Косово и рестарт на ТЕЦ „Неготино“ за да нема поскапување на струјата

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард