А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

По секој инцидент скопјани бараат враќање на маалските полицајци, од МВР само ветувања

by Маја Илиевска-Пачемска05/11/2019 - 12:4705/11/2019 - 12:55722
Share0

Без разлика дали се работи за демолирање детско игралиште ули убиство на малолетник, како она во Ново Лисиче, скопјани од различни делови на градот со години бараат да се вратат полицајците позорникари, но од МВР добиваат само ветувања. Иако враќањето на маалските полицајци е во програмата за работа на Владата, за позорникарска служба од МВР велат дека скопјани ќе треба уште да почекаат, но на проектот интензивно се работело.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Од доаѓањето на актуелното раководство на МВР во 2017 година, интензивно го спроведуваме проектот за враќање на маалскиот полицаец, односно позорникар и тој се имплементира во голем број градови, а резултатите се видливи преку намалувањето на криминалитетот, што јасно го покажуваат статистиките, но и со зголемувањето на довербата на граѓаните во полицијата, што се манифестира преку направените анкети. Проектот се имплементира и во помали делови од Скопје, а сега, со почнувањето на работа на новите полициски службеници кои оваа година ја завршија обуката, од кои најголем дел се токму за подрачјето на СВР Скопје, тој проект ќе се прошири дополнително“, велат од МВР за „А1он“.

Од таму не кажуваат конкретно во кои градови изминативе две години веќе се вратени позорникарите, но според досегашните објави на Министерството, маалски полицајци, како што популарно ги нарекоа позорникарите, има во Куманово, Битола, Штип и Тетово.

Изминатиот викенд скопјани ги обновија барањата за враќање на позорникарите откако среде ноќ во саботата две момчиња искршија детско игралиште во близина на Владата. Галамата ги разбудила станарите од околните згради кои се обиделе да ги предупредат момчињата кои дивееле на игралиштето, но добиле низа закани и пцости. И во август годинава, откако почина 17-годишно момче кое беше прободено со нож во Паркот на музиката во Ново Лисиче, скопјани побараа МВР да ги врати позорникарите.

Следете a1on на Youtube YouTube

Две недели по убиството на момчето беа промовирани 528 нови полицајци. Од МВР сега објаснуваат дека дел од нив ќе бидат маалски полицајци во Скопје. Министерот Оливер Спасовски лани објасни дека за враќање на позорникарите само на Скопје му требаат 300 нови полицајци.

Ветувањето за враќање на маалските полицајци во ек на изборната кампања во 2016 година го даде токму Спасовски, кој тогаш беше технички министер во МВР.

 

maalski policajcimvroliver spasovskipozornikari

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 18:11

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он28/07/2026 - 17:03

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он28/07/2026 - 15:55

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 08:5415/07/2026 - 12:36

(ВИДЕО) Спасовски: Нервоза и навреди на Мицкоски и Стоилковиќ кон пратениците на СДСМ, бараме извинување и реакција од Гаши

Горан Наумовски13/07/2026 - 19:30

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он13/07/2026 - 14:4813/07/2026 - 14:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео