По Преспа, запален автомобилот на Хари Локвенец

Од:

Синоќа е запален автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец.

Тој вчера беше на потпишувањето на договорот во Преспа, по што објави фотографија на која е со премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Во телефонски разговор со Локвенец изутринава не сакаше да коментира, за повеќе информации пратеникот на СДСМ упати на МВР од каде го потврдија настанот.

Како што е наведено во полицискиот билтен, Х.Л. (48) од Прилеп синоќа во во СВР Битола во 23:05 часот пријавил дека околу 23:00 часот непознат сторител го опожарил патничкото возило „Мини Купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко.

Екипа на Територијалната противпожарна единица-Прилеп го изгаснала пожарот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?