По повод Светскиот ден на аутизмот Струмица светна во сино

Од:

Општина Струмица во соработка со Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ се вклучи во светската кампања насловена „Да осветлиме во сино“, а по повод Светскиот ден на аутизмот. Синоќа во знак на поддршка на лицата со аутизам, дел од плоштадот „Гоце Делчев“ светна во сина боја, призната и омилена боја на овие лица. Со тоа градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица уште еднаш ја потврдија континуираната поддршка на децата со аутизам.

Струмица е првата општина во Република Македонија која што отвори паралелка за децата со аутизам. Tоа е направено уште во учебната 2006/2007 година и од тогаш овие деца се вклучени во образовниот процес. Тие први „историски“ чекори кои беа направени во Струмица, временски не се разликуваа многу од периодот на глобалното освестување за аутизмот како брзорастечко нарушување меѓу светската популација, што резултираше со одлуката на Генералното собрание на Обединетите Нации од 2007 година, да го прогласи 2. април за Светски ден на аутизмот. 1

Дека таквиот ангажман на општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев продолжува понатаму, сведочат и обезбедените општински буџетски средства за проектот „Сензорска соба“ за потребата на децата со аутизам.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица