По повод Денот на Европа СЕП организира средби со студенти

Од:

Секретаријатот за европски прашања во рамките на активностите за одбележување на Денот на Европа денеска организира неформална средба со студенти-алумни на програмата Еразмус, меѓу кои и студенти од странство кои во моментов се на размена во Македонија.

На средбата ќе присуствуваат заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми, амбасадорот на Европска унија во Република Македонија Самуел Жбогар и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Дарко Димитров.

Средбата ќе се одржи во просториите на МК-ЕУ Инфо центарот на Плоштад Македонија во Скопје.

Би можело да ве интересира

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

Рама повторно ги повика студентите на дијалог, овојпат на камена маса

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија