Љубе Бошкоски замина од Специјалното јавно обвинителство каде беше повеќе од пет часа. Тој со полициско комбе и со лисици повторно беше вратен во Идризово.
Изјава даде неговиот адвокат Константин Кратовалиев кој цело време беше присутен во обвинителството.
Според Кратовалиев, Бошкоски бил повикан во својство на сведок и во својство на оштетен во предметот „Кампања“ од 2011 година кога беше осуден на пет години затвор. Според адвокатот, станува збор за дејствија спротивни на законот, од неговото апсење па се натаму. Интерес во обвинителството имало и за случајот “Ровер“, за кој исто така има докази дека се работи за политички процес и освета.