По пад од бандера загина 61-годишен работник од Неготино, се утврдуваат причините за несреќата

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и екипа на ОВР Неготино известуваат дека извршиле увид на лице место на патот Неготино-Дисан, каде денеска, при преземање работни активности на бандера за електрична енергија, по пад од корпа на висина од 5 метри, почина 61-годишен работник од Неготино.

„На увидот беше присутен и инспектор од Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика кој ќе изврши анализа на работното досие на починатиот работник и ќе го проследи до Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со извештај за утврдената состојба во поглед на почитувањето на прописите од областа на заштитата при работа“, соопшти Обвинителството.

По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Во тек е предистражна постапка за утврдување на причините за несреќата.​

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали