По невремето за време на викендот интервенирано на 40 локации во Скопје

Од:

По невремето што го зафати Скопје во саботата попладне екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ извршиле повеќе интервенции за санирање на последиците од невремето, инфомира денеска Град Скопје.

Како што се наведува во соопштението на Град Скопје, на 40 локации во градот во текот на изминатиот викенд се расчистувани паднати дрвја и гранки, односно е интервенирано на булеварите „Александар Македонски“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Илинден“, „Партизански одреди“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Трета Македонска бригада“ и булеварот „Кирил и Методиј“, кај Детска болница Козле, на улиците „Македонија“, „Цетинска“, „Благоја Перовиќ“, „Симеон Кавракиров“, „Киро Крстевски Платник“, „Вера Јоциќ“, „Лазар Личеновски“, „Лондонска“ и на улица „Бетовенова“, кај Момин Поток, кај хотел „Холидеј Ин“, на кеј „Димитар Влахов“, во населбата Радишани, во Сарај спроти општината и вториот дел на Градски парк.

Во соопштението Градот Скопје, исто така, реагира на информациите објавени во дел од медиумите во врска со исечени дрвја кај Собрание во Општина Центар, посочувајќи дека станува збор за отстранување на паднати и искршени дрвја.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза