По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри

Од:

При крајот на август ќе биде комплетиран списокот со кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници и ќе бидат познати и имињата за општините за кои се уште не е соопштено. По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри затоа што тие не дале оставки и ги извршуваат своите обврски во ресорите, а имаат и свои заменици. Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник за изградба на нова спортска сала.

Во однос на комплетирањето кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека имаат дилеми меѓу неколкумина во неколку општини.

-Имаме уште неколку дилеми, во суштина сите се тие кандидати кои ќе имаат големи шанси, да не речам – се победници на локалните избори, но имаме дилеми помеѓу неколкумина во одредени општини. Сега е сезона на годишни одмори, сакаме да направиме детална аналза и скенирање – и во рамки на општината во која ќе се кандидираат, кај граѓаните, но и во рамки на партиската структура. Тие анкетирања и скенирања на состојбата ќе ги направиме по 15-20 август така што при крај на август очекувајте да ги комплетираме списоците, изјави Мицкиски.

На прашањето дали ќе има реконструкција на Владата и се размислува ли кој ќе дојде на местото на министерот за животна средина и прв вицепремиер Изет Меџити, откако тој ја најави кандидатирата за Чаир, и на местото на Фатмир Лимани, кој ќе биде кандидат на Вреди за Кичево, премиерот одговори дека тие не поднеле оставки, дека ги извршуваат обврските, но и оти секој министер има и свој заменик-министер.

-Тие не поднесоа оставка. Нормално е дека ќе ги извршуваат своите обврски во министерствата, во ресорите каде што се министри и истровремено ќе бидат кандидати. Тоа не е првпат да се случува, често пати се случувало во минатото. Така што, сето тоа што значи нормално функционирање на институциите, ќе продолжи во таа насока, додаде Мицкоски.

На новинарско прашање дали е етички и коректно двајцата министри од Вреди и шест директори од таа партија да водат кампања за локални избори додека се на фунцкија, Мицкоски рече дека нема ништо незаконски и тоа било и пракса во минатото.

Прашан кој е неговиот став на тоа што голем број од независните листи стануваат политички партии и дали може да се интервенира во Изборниот законик, премиерот одговори дека е поминат рокот за Законикот и оти како Влада ги почитуваат сите одлуки на Уставниот суд.

-Помина веќе рокот за менување на Изборниот законик, вообичаено треба шест месеци пред избори, тој е заглавен во процедура. Не очекувам периодов да се обезбеди мнозинство или кворум за такво нешто, а и не би било природно. Околу независните листи, ќе треба да се види законот и како може да се интервенира имајќи ја предвид одлуката на Уставниот суд. Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, се почитуваат, така што и ние како Влада ќе ја почитуваме и ќе видиме како сето тоа да го надминеме, додаде Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција