По една година, укинат притворот за обвинетиот за убиството на охриѓанецот Матилоски

Од:

Основниот суд од Охрид ја укина мерката притвор за српскиот државјанин Бојан Угреновиќ (30), кој е обвинет за убиство на охриѓанецот Димитар Матилоски. Убиството се случи во 2016 година, на дочекот на Нова година.

Притворот се укинува како последица на недоречености во легислативата, бидејќи судот не успеа во законскиот рок од една година да донесе правосилна пресуда за случајот.

Судот во Охрид во првото судење го прогласи обвинетиот за виновен, изрекувајќи му 16 години затвор. На првото рочиште по предметот одржано на 15 декември 2016 година обвинетиот целосно ја призна вината, изразувајќи жалење за смртниот исход и каење за стореното дело.

Одбраната потоа ја обжали одлуката и пресудата пред Апелацискиот суд во Битола, кој поради одредени забелешки го врати предметот на повторено судење. Тогаш обвинетиот го смени целосно својот исказ по однос на обвинението, изјаснувајќи се како невин.  Менувањето на исказот правно значи потреба од сосема ново судење, односно целосно враќање на процесот од самиот почеток. Истовремено на тој начин истекува притворот за обвинетиот, за кого се уште важат мерки на претпазливост, да не ја напушта територијата на Република Македонија, одземена му е патната исправа пасош и обврзан е да се јавува пред надлежниот орган.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он