По два дена, еден новозаболен во Прилеп, од утре скрининг на вработените во градинките

Од:

Во Прилеп денеска има еден нов случај на заболен од коронавирусот, по двата дена кога немаше новозаболени. Центарот за јавно здравје не регистрирал новооздравени од оваа заразна болест. На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 14 лица, од кои 12 се позитивни на коронавирусот. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти кои се негативни на Ковид-19.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека од утре, четврток 28 мај, започнува таргетираниот скрининг за вработените во градинките на територија на општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани. Тестирањето се спроведува со посебен протокол, а земањето на материјалите ќе се организира по теренски принцип, односно со земање материјал во објектите на градинките, согласно со нивниот план и во договор со установите.

Закажувањето е преку системот „Мој термин“. Тестирањето ќе трае два дена, во четврток и во петок, при што ќе бидат тестирани околу 230 вработени во градинките. Инаку, во Прилеп се 180 вработени во шесте градинки во градот и четирите во населените места.

Земените материјали се доставуваат до вирусолошката лабораторија при Институтот за јавно здравје во Скопје за паралелно на овој процес да се изготви протокол за работа на градинките и тие да се стават во функција.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај