По четири месеци, постои надеж дека 22 илјади граѓани ќе ги добијат ветените по 6.000 денари државна помош

Од:

Иако во тек е носење на петтиот пакет мерки, државата и натаму ги исплаќа средствата четвртиот пакет мерки. Откако пратениците не успеаја да донесат измени на законот со кој ќе се овозможи на 22.000 граѓани со блокирани сметки без можност за потсметки, да ги добијат ветените 6.000 денари од државата – поднесени се амандмани за рокот да се продолжи до крајот на април. Ако партиите Алијанса на Албанците и Алтернатива ги откочат законите, тогаш, конечно по четири месеци ќе биде исплатена помошта за најзагрозените категории граѓани со низок доход.

„Со амандмани на Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, до 30.04.2021 година се продолжува рокот за исплата на еднократната помош од 6000 денари, од четвртиот пакет мерки. Исплатата ќе се изврши откако Собранието ќе ги усвои овие амандмани. Законската измена ги покрива граѓаните кои имаа блокирани сметки и неажурирани податоци до 25.12.2020. Претходно, на почетокот на јануари, Владата достави до Собранието измена на Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани со која се продолжи рокот до 31 март 2021“, велат од Владата за „А1он“.

Кога пратениците ќе ги изгласаат амандманите за законот, Владата ќе може да ги ажурира списоците за „Купувам домашно“ и граѓаните со блокирани сметки од извршители, чии банки одбија да им отворат потсметки, ќе треба да бидат префрлени во други банки кои имаат таква можност.

Блокирањето на Законот за финансиска поддршка од Алијанса на Албанците и Алтернатива со по 1.000 амандмани е поради тоа што нив им е одбиен предлогот содржан во Законот за државјанство, со кој, со три сведоци ќе може да се добие македонско државјанство. Иако станува за економски мерки за помош на граѓаните, тие не отстапуваат ниту од тоа да го одблокираат само овој закон.

Одблокирањето на законот може да се случи најрано по средбата која е најавена помеѓу премиерот Зоран Заев и двете албански партии. Средбата требаше да се одржи неделава, но е одложена. Неофицијално, таа е презакажана за следната недела.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп