По 70 години повторно прослава на Водици во Гостивар

Од:

Дваесет и осумгодишниот гостиварец Дарко Лавдинов го фати крстот кој во Вардар го положи митрополитот г. Јосиф за прославата на Богојавление-Водици во Гостивар. На одбележувањето присуствуваше и претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој се приклучи на литијата по гостиварските улици.

Прославата на Водици во Гостивар се одржа по повеќе од седумдесет години  и привлече неколку илјади верници на кејот на Вардар.

– Ова е прекрасен ден за мене, бидејќи имав голема желба да го фатам крстот. Им благодарам на иницијативниот одбор што го возбоновија празнувањето и посакувам традицијата да продолжи, рече Лавдинов.

Меѓу првите кои му честитаа беше претседателот Иванов, кој на среќниот гостиварец му подари филигрански крст како спомен на денешниот ден.

Подарокот, телевизор, кој црковниот одбор го награди, Дарко реши да го дарува на интернатот Седек Косотоски во Маврови Анови.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски