По 38 дена во болница, почина пациент од западнонилска треска: седми случај во државата

Од:

Седми смртен случај од западнонилска треска во државата е регистриран изминативе денови, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

„Во врска со состојбата со западнонилската треска, од моето последно известување – имаме еден починат. Тоа е пациент кој најдолго беше хоспитализиран – над 38 дена во болницата. И имаме еден нов сомнителен случај во овие три дена од последното известување. Значи, состојбата на хоспитализација е иста, мислам дека се 19 пациенти, бидејќи имаме само еден нов сомнителен случај“, одговори Клековски на новинарско прашање.

Последниот починат од западнонилска треска бил од скопската општина Гази Баба на возраст од 69 години.

„Во основа, значи веќе оваа недела, од последните неколку дена, од викендот наваму, сите нови случаи се од Скопје Север. И веќе е разговарано со соодветните градоначалници да обрнат внимание на активностите таму“, рече Клековски.

Тој беше прашан и за објаснување зошто сите смртни случаи со западнонилска треска во државата се од машки пол.

– Најголемата студија е во Америка на над 3.000 случаи. Во таа студија е јасно дека и морбидитетот, односно стапката на заболување со невроинвазивната форма и смртноста е поголема кај мажите. Значи, кај нас морбидитетот е 3,7:1 мажи – жени. Ова е демографска карактеристика. Две други состојби се поврзани значително и со заболевањето и со смртноста: едната е хронична бубрежна инсуфициенција или хронична бубрежна болест и втората е претходни цереброваскуларни инциденти, значи претходни мозочни удари, крвавења. Можно е, хипотетички, кај мажите да се почести цереброваскуларните инциденти бидејќи знаеме дека статистички жените, особено во добар дел од животот, се заштитени од кардиоваскуларни инциденти“, додаде Клековски.

Би можело да ве интересира

1,2 милиони единици фактор 8 пристигнуваат за хемофиличарите – донацијата конечно деблокирана

Клековски: Апел да се вакцинираат децата против морбили за да превенираме можна епидемија по растот на случаи во Косово и Бугарија

Вкупно 55 случаи на западнонилска треска досега во државата, двајца пациенти се во тешка состојба

Горан Наумовски

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

Клековски: Мртвиот гавран од Ресен беше заразен со западнонилска треска

Горан Наумовски

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

Горан Наумовски