По 12.000 денари за средношколците приматели на социјална помош

Од:

Учениците од средно образование од семејствата приматели на социјална парична помош и оваа година ќе добијат дополнителна помош во висина од 12.000 денари, истакна денеска на прес-конференција министерот за труд и социјална политика ,Диме Спасов.

– На секој корисник годишно ќе му се исплаќа по 12.000 денари, а исплатата се вриши на четири еднакви износи од по 3.000 денари. Овој износ останува непроменет и за оваа учебна година при што очекуваме дека годинава 9.000 ученици ќе го остварат ова право, рече Спасов.

Додаде дека оваа помош се реализира веќе пет години и потсети на условите за користење на Програмата.

– Корисникот потребно да е запишан како редовен ученик во средно образование, редовно да ја завршил претходната учебна година и да е на средношколска возраст. Корисникот може да користи условен паричен надоместок за средно образование се додека е редовен ученик и да присуствува најмалку 85 проценти од вкупниот број на реализирани часови. Исплатата ќе се врши на мајката на корисникот или на носителот на правото на социјалната парична помош определен од страна на центарот за социјална работа, појасни Спасов.

Министерот ги повика родителите корисници на социјална парична помош кои имаат дете средношколец, најдоцна до 30 септември да поднесат барање до меснонадлежниот Центар за социјални работи за користење на правото на Условен паричен надометок.

За реализација на Програмата што и оваа година ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјални работи, министерствата за образование и за финансии предвидени се 108 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз