Плоштад слобода: За една деценија двојно помалку зеленило во центарот на Скопје

Од:

И покрај тоа што жителите на центар протестираа и се бунтуваа заради одлуката да бидат исечени стеблата на неколку децении старите крошни спроти Бристол, но наместо реакција на повлекување, ноќе, скришум механизацијата продолжи да го „масакрира“ зеленилото. На тоа место се планира да се издигнат бетонски зданија.

Анализата „Ни снемува дрвја“ изработена од „Плоштад слобода“ покажува дека лани имало двојно помалку зелени површини во центарот на Скопје, во просторот на Мал Ринг, отколку пред десет години.

Оттаму предвидуваат дека доколку во иднина се продолжи со темпото на градење врз зелени површини предложено со Измената и дополнувањето на ДУП од декември, до 2017 година, зелените површини би се намалиле за уште 50 отсто во однос на тоа што постои денес.

Последниве десет години може да се забележи намалување на површините на крошните за 22 проценти.

„Ова е директен резултат од континуираното сечење на големи количини на стари 50-годишни дрвја со пространи крошни. Доколку оваа тенденција на девастација на дрвниот фонд продолжи, до 2017 површината на крошните би се намалила за уште 8 отсто, или вкупно 30 отсто за периодот 2002-2017. Трендот на континуирано намалување на површината на крошните директно придонесува за зголемување на загадувањето на воздухот, температурата и бучавата, што пак го намалува квалитетот на живот на граѓаните од Мал ринг“, се објаснува во анализата.

Би можело да ве интересира

Здружението „Плоштад Слобода“ бара повлекување и доработка на планот за „Мал ринг“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов: Наумоски не може да се тргне од позицијата основач на „Плоштад слобода“

Наум Локоски

Шилегов на здружението на својот шеф на кабинет му додели 180 илјади денари

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Станови од посебен интерес, висококатници и нови барокни „чудовишта“ му се закануваат на Дебар маало

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Распеани Скопјани: Архитекти градете со љубов!!!

Ана Ололовска

Плоштад Слобода: Чкртањето ленти во боја по улиците не се велосипедски патеки

Ана Ололовска