„Плоштад“-нов кумановски весник

Од:

Кумановци по неколку годишниот медиумски мрак, добија неделен весник, „Плоштад“. Сопственикот и уредник на весникот, Марјан Петрушевски истакна дека новинарите ќе вложат свои идеи, напор и енергија за да навреме и непристрасно ги информираат граѓаните, за секојдневните случувања во градот.

-Неделниот весник „Плоштад“ има само една целна група, а тоа се граѓаните. Секој има право да знае што се случува во Куманово, а ние ја презедовме обврската тоа право да биде задоволено-изјави Петрушевски.

Како што е предвидено во „Плоштад“ освен за дневно политичките настани, граѓаните ќе може да се информираат и за спортот, културата и забавата. Неделникот кумановци ќе може да го купат по цена од 20 денари.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда