Плажите се полнат, протоколи за заштита од вирусот сè уште се чекаат

Од:

Комисијата за заразни болести за следната недела најави детаљни упатства за заштита од коронавирусот при посета на плажи, иако плажите на езерата се полнат со посетители. Маски не се носат, а не се внимава многу ниту на растојанието. Капачите на струшките плажи денес, како и изминативе денови, не се воздржаа и од користење лежалки, кои се распоредени на брегот иако нема протоколи за тоа.

Капачите на струшките плажи денес, како и изминативе денови, не се воздржаа и од користење лежалки

Од Министерството за здравство велат дека се работи на протоколите.

„Ќе ги соопштиме сите детали во врска со протоколите за користење на плажите и базените кога ќе бодат прецизирани сите детали. Очекуваме следната недела, понеделник – вторник, веќе да ги имаме сите потребни упатства“, велат од Министерството за здравство за „А1он“.

Во исчекување на протоколите за користење на плажите, кои треба да прецизираат какво однесување е безбедно на плажа за заштита од вирусот и за посетителите и за оние што нудат лежалки, Михаил Кочубовски, раководител на секторот за здравствена екологија и безбедност на водата во Институтот за јавно здравје , за „А1он“ изјави дека посетителите на плажите треба да се чувствуваат безбедно доколку носат маски, одржуваат дистанца и често ги мијат рацете со сапун.

Водата во Охридското, Преспанското и во Дојранското Езеро е исправна и дозволена за капење во согласност со последните анализи на Институтот за јавно здравје

Во однос на стравувањата дека вирусот може да се пренесе преку вода, Кочубовски ги пренесе искуствата на Светската здравствена организација.

„Според релевантни научни извори и СЗО, нема докази дека Ковид-19 може да се пренесе при капење во езерска или морска вода“, вели раководителот Кочубовски за „А1он“.

Тој нагласува дека треба да се внимава на отпадните води оти вирусните фрагменти се најдени во изметот, па препорачува нивен третман и дезинфекција за заштита не само од коронавирусот туку и од други заразни болести.

„Според релевантни научни извори и СЗО, нема докази дека Ковид-19 може да се пренесе при капење во езерска или морска вода“, Михаил Кочубовски, Институт за јавно здравје

Водата во Охридското, Преспанското и во Дојранското Езеро е исправна и дозволена за капење во согласност со последните анализи на Институтот за јавно здравје во соработка со локалните центри за јавно здравје. Водата микробилошки е чиста, а физичко-хемиските анализи покажале дека водата во Охридското Езеро е прва класа, водата во Преспанското Езеро е 1-2 класа, но дозволена за капење, а водата во Дојранското Езеро е трета класа поради природното збогатување со железо, манган и други олигоелементи, кои Кочубовски вели дека не се токсични за човекот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски