Платформа „Зелена Македонија“

Од:

По повод 22 Април-Светскиот ден на планетата Земја, денеска заедничка средба ќе одржат над 25 еколошки невладини организации од државата, обединети во платформа „Зелена Македонија“ со политичките партии и коалиции, учесници на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Еколошките невладини организации сметаат дека во следниот четиригодишен период треба да се преземат мерки за решавање на т.н.„жешки еко точки“ во државата.

– Нарушувањето на животната средина има штетно влијание на здравјето и на животот на луѓето, како и на биодиверзитетот во Република Македонија, сметаат македонските еколошки организации.

На средбата предвидена е презентација на платформата „Зелена Македонија“, а се очекува политичките партии да го соопштат нивниот став за оваа иницијавтива, како и потпишување на платформата „Зелена Македонија“.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска