Платформа за родова еднаквост: Јавното обвинителство итно да го расчисти случајот „Јавна соба“

Од:

Платформата за родова еднаквост упати барања до Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители за конечно разрешување на случајот Јавна соба и доследно пружање на заштита на жените жртви на родово-засновано насилство. Од Платформата бараат обвинителството и Советот итно да испорачаат конкретни резултати по нивните барања со рок до 8 Март, кои ќе покажат дека конечно овие институции преземаат мерки.

Од Платфомата за родова еднаквост изјавија дека ниту една мерка за спречување и заштита од насилство нема да го има посакуваниот ефект, доколку сторителите избегнуваат кривична одговорност за делото.

„На ваков начин, се праќа порака дека насилството врз жените не е казниво, насилниците се охрабруваат да продолжат со своето однесување, а жртвите остануваат заплашени, засрамени и неми. Иако „Јавна соба“ е случај кој го привлече вниманието на целата јавност, сепак, после една година случајот сѐ уште нема завршница, а сторителите се гонат само за кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Искуствата на жените на кои со години им обезбедуваме бесплатна правна помош и други услуги, сведочат за бројни пропусти во водењето на постапките. Од страна на обвинителствата има ненавремено покренување на обвинителни акти, неефикасно или без должно внимание раководење со предистражни и истражни постапки што резултирало со ненавремено или воопшто необезбедување на релевантни докази, како и непреземање на мерки кон сторителот за да се спречи продолжување на насилството кон жртвите“ – рече Јана Коцевска.

За овие состојби здруженијата побараа одговорност и од Советот на јавни обвинители кој според нив недоволно ги користи своите надлежности за контрола над работата на јавните обвинители кои непрофесионално и ненавремено ја извршуваат својата функција во однос на
кривичните постапки за родово-засновано насилство.

Здруженијата побараа и поголема ефикасност и посветеност и од страна на специјализираното одделение за гонење на кривични дела извршени од лица со полициски овластувања бидејќи низ годините, се сретнале и со полициски службеници кои самите се сторители на насилство.

„Од Вас очекуваме да преземете мерки во надлежност на Обвинителството и Советот за да обезбедите ефикасна заштита на животот и здравјето на жените жртви на насилство преку навремено, ефикасно, внимателно и сеопфатно спроведување на кривични постапки против сторителите, притоа имајќи предвид дека насилството врз жената не е личен и приватен проблем, туку Ваша одговорност. Ние повеќе не прифаќаме изговори или префрлување на одговорноста на другите институции, тука бараме резултати од обвинителството – веднаш!“ дополнува Коцевска.

Би можело да ве интересира

Фолтин во Јавна соба на „Светско, а наше“

Предраг Петровиќ

Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Платформа за родова еднаквост и Мрежа за заштита од дискриминација реагираат на протестот на МПЦ

Реакција на Платформа за родова еднаквост за изјавите на градоначалникот на општина Струмица

Платформа за родова еднаквост: Кој му даде на Владиката концесија за телевизија да ги „забавува“ граѓаните со опасна, погубна и отровна идеологија против жените?

Ана Ололовска

Врховниот ги одби барањата за преиспитување на пресудата за „Јавна соба“

Катерина Ѓуровски