Платформа за родова еднаквост бара балансираност на кандидатските листи

Од:

Платформата за родова еднаквост преку отворено писмо до политичките партии ги повикува подносителите на листите на кандидати за локалните избори да се заложат за родова балансираност на кандидатските листи.

– Само ако се овозможи еднаква застапеност меѓу кандидатите ќе може да се очекува намалување на родовиот јаз во бројот на избрани градоначалници и градоначалнички, а со тоа и во репрезентативноста, се наведува во писмото од Платформата во која членуваат 22 невладини организации.

Членките на платформата бараат од политичките партии родова балансираност на кандидатските листи на локалните избори и сите следни избори, како клучен предуслов за поголема застапеност на жени на политичките функции, а со тоа и во рамноправното застапување на интересите на сите граѓани во земјата.

– Имајќи ги предвид различните програмски определби на политичките партии изложени на последните парламентарни избори, родова балансираност особено очекуваме од политичките партии кои декларативно се заложија за унапредување на родовата еднаквост во Република Македонија и многу пати во јавноста ја потенцираа(т) посветеноста и заложбата кон системско подобрување на состојбата со родовата нееднаквост во сите сегменти на општествениот живот, се наведува во писмото.

Членките на платформата истакнуваат дека родовата рамноправност е фундаментално право, но нееднаквата застапеност е реалност која се повторува во Македонија. Посочуваат дека во 1996 и 2009 година ниту една жена не била избрана за градоначалничка, а на последните локални избори во 2013 година биле избрани 19 пати повеќе градоначалници отколку градоначалнички (избрани 76 мажи наспроти четири жени).

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ