Планот за штедење предложен од СДСМ

Од:

Во продолжение прочитајте што пишува во планот за штедење предложен од СДСМ.

Интегрален текст:

Врз основа на членовите 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, на Предлогот на Буџетот на Република Македонија за 2013 година го поднесуваме следниот

АМАНДМАН

Во Билансот на расходи на Буџет на Република Македонија по ставки, категорија 42 Стоки и услуги, ставка 420 Патни и дневни расходи износот „464.569“ се заменува со износот „351.849“.

Во Билансот на расходи на Буџет на Република Македонија по ставки, категорија 42 Стоки и услуги, ставка 421 Комунални услуги, греење, комуникации и транспорт износот „3.065.521“ се заменува со износот „2.551.377“.

Во Билансот на расходи на Буџет на Република Македонија по ставки, категорија 42 Стоки и услуги, ставка 423 Материјали и ситен инвентар износот „1.987.465“ се заменува со износот „1.547.982“.

Во Билансот на расходи на Буџет на Република Македонија по ставки, категорија 42 Стоки и услуги, ставка 424 Поправки и тековно одржување износот „785.218“ се заменува со износот „555.297“.

Во Билансот на расходи на Буџет на Република Македонија по ставки, категорија 42 Стоки и услуги, ставка 425 Договорни услуги износот „22. 577.649“ се заменува со износот „17.601.585“.

Во Билансот на расходи на Буџет на Република Македонија по ставки, категорија 42 Стоки и услуги, ставка 426 Други тековни расходи износот „1.418.849“ се заменува со износот „1.209.845“.

Во Билансот на расходи на Буџет на Република Македонија по ставки, категорија 42 Стоки и услуги, ставка 427 Привремени вработувања износот „53.124“ се заменува со износот 0.

Во Билансот на расходи на Буџет на Република Македонија по ставки, категорија 46 Субвенции и трансфери, ставка 464 Разни трансфери износот „10.718.896“ се заменува со износот „9.112.701“.

Во Билансот на расходи на Буџет на Република Македонија по ставки, категорија 48 Капитални расходи, ставка 486 Купување на возила (освен ЈСП и здравство) износот „1.365.522“ се заменува со износот „1.289.864“.

Во Билансот на расходи на Буџет на Република Македонија по ставки, категорија 48 Капитални расходи, ставка 483 Купување на мебел износот „79.138“ се заменува со износот „0“.

Во Раздел 02001 Собрание на Република Македонија, во Програма 2, Потпрограма 22 Изградба на Собраниска зграда, ставката 481 Градежни објекти, износот “239.915“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 04002 Служба за општи и заеднички работи на Владата на РМ во Програма 1, Потпрограма 1А Реконструкција на згради на владини органи, Категорија 48 Капитални расходи ставка 481 Градежни објекти износот “3.000 “ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 04002 Служба за општи и заеднички работи на Владата на РМ во Програма 1, Потпрограма 1Б Изградба и реконструкција на административни згради на државни органи, Категорија 48 Капитални расходи, ставка 482 Други градежни објекти износот “1.274.936 “ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 06001 Министерство за внатрешни работи, во Програма 2, Потпрограма 2А Реформи во полиција, ставката 480 Купување на опрема и машини, износот “657.000 “ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 06001 Министерство за внатрешни работи, во Програма 2, Потпрограма 2А Реформи во полиција, ставката 485 Вложување и не финансиски средства, износот “8.184“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 09001 Министерство за финансии, во Програма 1, Потпрограма 1А Доизградба на зграда на Министерство за финансии (Објект на Банка за надворешна трговија), ставката 481 Градежни објекти, износот “230.000“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 13001 Министерство за транспорт и врски, во Програма 1, Потпрограма 1А Надградба и реконструкција на управна зграда, ставката 481 Градежни објекти, износот “105.000“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 13001 Министерство за транспорт и врски, во Програма 1, Потпрограма 1А Надградба и реконструкција на управна зграда, ставката 482 Други градежни објекти, износот “520“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 16001 Министерство за образование и наука, во Програма 7, Потпрограма 7А Програма за опремување на лабаратории, ставката 480 Купување на опрема и машини, износот “252.028“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 16001 Министерство за образование и наука, во Програма Т, Потпрограма ТВ Изградба на училишни спортски сали во основни училишта, ставката 480 Купување на опрема и машини, износот “149“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 16001 Министерство за образование и наука, во Програма Т, Потпрограма ТВ Изградба на училишни спортски сали во основни училишта, ставката 482 Други градежни објекти, износот “204.405“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 16001 Министерство за образование и наука, во Програма Т, Потпрограма ТЕ Изградба на училишни спортски сали во средни училишта, ставката 482 Други градежни објекти, износот “66.115“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 16101 Агенција за млади и спорт, во Програма 2, Потпрограма 2А Спортски објекти, ставката 482 Други градежни објекти, износот “252.000“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 17001 Министерство за информатичко општество и администрација, во Програма Н, Потпрограма НА Развој и имплементација на ИКТ, ставката 480 Купување на опрема и машини, износот “103.729“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 17001 Министерство за информатичко општество и администрација, во Програма Н, Потпрограма НА Развој и имплементација на ИКТ, ставката 485 Вложувања и нефинансиски средства, износот “47.765“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 18001 Министерство за културата, во Програма 2, Потпрограма 22 Универзитет на св. Климент кај Плаошник, ставката 482 Други градежни објекти, износот “87.606“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 18010 Финансирање на дејности од областа на културата, во Програма 4, Потпрограма 42 Голема концертна сала за македонската филхармонија, ставката 482 Други градежни објекти, износот “59.000“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 18010 Финансирање на дејности од областа на културата, во Програма 4, Потпрограма 43 Стар театар, ставката 482 Други градежни објекти, износот “615.000“ се заменува со износ “0“.

Во Раздел 18010 Финансирање на дејности од областа на културата, во Програма 8, Потпрограма 82 Музеј на ВМРО и музеј на жртви на кумунизмот, ставката 482 Други градежни објекти, износот “80.000“ се заменува со износ “0“.

Во Билансот на приходи на Буџет на Република Македонија по ставки, категорија 76 Задолжување во странство, износот „15.867.000“ се заменува со износот „3.285.197“.

Соодветни измени да се направат во подзбировите и збировите на разделите, програмите, потпрограмите, категориите и ставките.

Образложение

Амандманот го предлагаме за заштеди во буџетот за 2013 година од најмалку 204 милиони евра. Од тоа, околу две третини се заштеди кај тековните расходи во износ од 132 милиони евра, а околу една третина се заштеди кај капиталните расходи во износ од 72 милиони евра.

Веднаш да истакнеме, сите заштеди што Ви ги предлагаме во овој план можат да се направат, а притоа ќе има пари и за зголемувањето на пензиите, социјалната помош, субвенциите за земјоделците и платите на администрацијата.

Заштеди кај тековните расходи во износ од 132 милиони евра

Бараме од Владата да се стави во истата тешка положба во која се наоѓаат семејствата денес и со многу подомаќинско однесување да ја истурка наредната година. Сметаме дека тоа може да се направи.

Во основа има два елементи за заштеди кај тековните расходи:

• Ставката Стоки и услуги да се намали за 106,3 милиони евра. Притоа, предлагаме она што се трошело оваа 2012 година да се намали за 10%, а се она што не е нужно неопходно да се прави во 2013 година, да се остави за понатаму.

o Предлагаме за 10% да се намалат патните и дневните расходи во однос на нивото од 2012 година. Тоа би значело помалку патувања и дневници, но тоа не би требало да биде проблем за Владата.

o За ставките Комунални услуги, греење, комуникација и транспорт, Материјали и ситен инвентар, Поправки и тековно одржување и за Други тековни расходи Владата предвидела пораст на трошоците. Наместо тоа предлагаме трошењето кај сите овие ставки да се намали за 10% во однос на нивото од 2012 година.

o Предлагаме расходите во ставката Договорни услуги да се намалат за 20% во однос на 2012 година. Имајќи предвид дека станува збор за огромна ставка која што не ја карактеризира транспарентност во однос на нејзината содржина сметаме дека Владата веројатно има простор за уште поголемо кратење. Во секој случај, во 2013 година дефинитивно не смее да има расходи за владини реклами и кампањи.

o Во услови на ваква криза, во изборна година и во услови кога медиумите известуваат дека има вработени во администрацијата кои што добиваат плата, а не одат на работа, сметаме дека во буџетот не треба да има расходи за привремени вработувања.

• Предлагаме ставката Разни трансфери да се намали за 26,1 милиони евра. Тука уште еднаш да истакнеме дека зборуваме за трансфери кои не се поврзани со горенаведените групи на граѓани.

Заштеди кај капиталните расходи во износ од 72 милиони евра

Заштедите кај овој дел од буџетот се однесуваат на капитални расходи кои што во дадените услови не се врвен приоритет за 2013 година. Детална листа на конкретните проекти кај кои што предлагаме заштеди е дадена во табелата во прилог. Тука се осврнуваме на некои од елементите на листата.

Во основа заштедите можат да се групираат во неколку групи.

o Предлагаме во 2013 година да нема трошење за купување на нов мебел. Понатаму, со исклучок на амбулантните возила и автобусите за јавен градски превоз, предлагаме да нема било какви расходи за купување на други возила.

o Предлагаме да се одложи доизградбата на зградата на Министерството за финансии. Ако во изминатите 6 години ништо не е направено со таа зграда и таа не била приоритет, така може да остане и за наредната 2013 година. Исто така, имајќи предвид дека во моментов имаат услови за работа и непречено можат да функционираат деловите од администрацијата чии што управни згради се предвидени да се реконструираат во 2013 година, сметаме дека таквите реконструкции треба да се одложат за во иднина.

o Сметаме дека треба да замрзнат активностите околу објектите вклучени во „Скопје 2014“. Имајќи го предвид досегашното искуство на проблеми со документацијата и повеќекратното зголемување на цените на изградба преку разни анекси на почетните договори, сметаме дека е потребна независна ревизија на комплетнтата документација поврзана со проектот „Скопје 2014“.

o Се залагаме за принципиелен и домаќински став околу капиталните расходи. Тоа значи дека не можат да продолжат активностите околу нови училишни спортски сали ако досега изградените немаат добиено употребна дозвола и го немаат решено прашањето со редовно загревање.

Веруваме дека позитивниот ефект од рационално користење на средствата во јавниот сектор би бил уште поголем доколку и однесувањето на јавните претпријатија се сообрази со околностите со кои живееме. На пример, парите што се предвидени да бидат употребени од страна на државната компанија ЕЛЕМ за изградба на скијачки центри и од Агенцијата на Електронски комуникации за градење на аква парк и реклами би можеле многу поефикасно да се искористат.

Планот на СДСМ за заштеди во државниот буџет за 2013 година има за цел заеднички да дојдеме до заклучокот дека со реализација на заштедите што ви ги предлагаме и со евентуално нови дополнителни заштеди кои што вие би ги предложиле, можеме заеднички да ја елиминираме потребата од нови задолжувања на државата во странство.

Нашиот предлог е разумен и усогласен со времето и условите во кои живеат граѓаните на Република Македонија. Веруваме дека предлозите ќе бидат прифатени и буџетот за 2013 година заеднички донесен.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он