Планот за крводарување во Велешко лани натфрлен со 217,3 проценти

Од:

Според информацијата од Општинската организација на Црвен крст во Велес, во изминатата 2016 година во Општина Велес заедно со општините Градско и Чашка од бројните крводарители биле собрани вкупно 4044 крвни единици.

Лидија Сланева-Стојановиќ од ОО Црвен крст Велес изјави дека 2807 крвни единици биле собрани од доброволните крводарители во Одделението за трансфузиологија при велешката Општа болница, а 1237 крвни единици во бројните акции за добоволно крводарување во изминатата година.

– Споредено со 2015 година, кога беа собрани 4377 крвни единици, лани беа собрани нешто помалку, односно 4044 крвни единици. Сепак, велешките крводарители и со овој резултат го натфрлија годишниот план за крводарување со 217,3 отсто и се на врвот на најхуманите во Македонија, потенцира Сланева-Стојановиќ.

Во Одделението за трансфузиологија при велешката Општа болница од почетокот на годинава досега се собрани 150 крвни единици. На оваа бројка треба да се додадат и 66 крвни единици кои беа собрани во минатонеделната акција за крводарување во Велес – прва годинава, а која Општинскиот Црвен крст ја организира заедно екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје,. Со нив заедно од почетокот на годинава вкупно се собрани 216 крвни единици.

Мимоза Николова од Одделението за трансфузиологија во Велес изјави дека кај нив во просек дневно крв даруваат од 15 до 20 крводарители.

– Велешките крводарители самоиницијативно се јавуваат да даруваат крв, а секојдневно доаѓаат и нови млади крводарители што е одличен показател дека и младите во Велес и Велешко ја продолжуваат хуманоста за да спасат нечиј живот, истакна Николова.

Според информацијата од Општинскиот Црвен крст во Велес, следната акција за доброволно дарување крв е закажана на 27 јануари во Општина Чашка.

Click here to Reply

Би можело да ве интересира

„Се продава културно заградено место до река“: Жител во дивата населба на Бабуна продава плац кој не може да се легализира

Орце Костов

Дете прегазено во Велес, пренесено во скопските Клиники

А1он

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он