Планк: Софија и Скопје да ги приближат своите позициите во интерес на нивниот развој

Од:

Историјата и минатото имаат големо влијание во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија и Германија со одредена загриженост гледа на ваквата состојба, па затоа се надеваме и посакуваме двете земји да успеат да ги надминат и приближат ваквите позициите во интерес на нивниот развој, изјави германската амбасадорка во Софија, Ирене Марија Планк во интервју за бугарската телевизија бТВ.

Таа нагласува дека има многу позитивни примери во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, при што како пример ја посочи заедничката изложба на уметници од двете земји во Европскиот парламент, на чие отворање на почетокот на мај присуствуваше и претседателката на ЕП, Роберта Мецола.

– Од економската сфера можам да ви кажам дека неколку значајни германски компании развиваат економска активност и во Бугарија и во Северна Македонија и имаат прекугранична соработка. Тие споделуваат само добри искуства од оваа соработка. Тие посочуваат и на економските можности кои произлегуваат од оваа поблиска соработка. Затоа би сакала работите да продолжат вака и во иднина, додава Планк.

Таа потенцира дека променетата политичка ситуација со руската инвазија на Украина дава нова геополитичка димензија во Европа и го актуализира прашањето за побрзо приклучување на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

– Важно е да се истакне дека влезот на државите од Западен Балкан во ЕУ е од голем интерес на Германија, вели Планк во интервјуто, додавајќи дека Берлин се надева оти и Бугарија „ќе ја одигра својата улога во однос на земјите од Западен Балкан“.

Би можело да ве интересира

Професор Атанасовски за Бугарското национално радио: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Предраг Петровиќ

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

Од земјите во ЕУ горивото најмногу поскапи во Бугарија – 34,5 отсто

А1он

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите