Во сеќавање на Перо Илиевски, еден од основачите на планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија денеска се одржа 22-ри меморијален планинарски марш, кој беше масовен и со учество на многу млади планинари.
– Учествуваа околу 300 членови на планинарските друштва од југоисточниот регион, меѓу кои повеќето млади. Тие дојдоа денеска да рекреираат и маршираат по патека меѓу селата Конско и Ума, која му беше меѓу најомилените на чичко Перо, информираа организаторите на маршот.
Посочија дека масовноста ќе го мотивира друштвото во иднина да презема активности за привлекување на младите потенцијални планинари од општина Гевгелија.
На целта во селото Ума беше приреден заеднички ручек, а потоа маршот продолжи до месноста Лековита Вода од каде што со автобуси учесниците беа вратени во Гевгелија.