Писонеро: Вакцините за Западен Балкан се знак дека ЕУ се грижи за регионот

Од:

Портпаролката на Европската Комисија задолжена за проширувањето, Ана Писонеро нагласи дека доставувањето на вакцини за земјите од Западниот Балкан од страна на ЕУ се доказ дека иднината на регионот е во Европската Унија, јави дописничката на МИА од Брисел.

На денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел, Писонеро нагласи дека испораката на првите вакцини за Западниот Балкан од ЕУ со помош на Австрија, кои почнуваат да пристигнуваат денеска во регионот се јасна поддршка од Унијата, заедно со финансиската помош од 3,3 милијарди евра за економското заздравување на западнобалканските земји.

Над 650 илјади вакцини ќе бидат распределени за сите земји од Западниот Балкан, од кои 199 илјади за Северна Македонија. Распределбата на вакцини се прави според потребите на секоја од државите, а дозите се наменети за здравствените работници и најранливите групи, потсети портапролката на Еврокомисијата.

– Ова е јасна порака дека се грижиме за регионот и дека неговата иднина се наоѓа во Европската Унија, потенцира Писонеро.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски