Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

Од:

Од наша страна ние им честитавме на премиерот Христијан Мицкоски и на министрите по формирањето на новата коалициска Влада и Европската Унија ќе соработува со неа во остварувањето напредок во суштинските реформи со цел земјата да напредува на европскиот пат, изјави портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро.

– Мислам дека пораката е многу јасна, Северна Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат. Мислам дека сите сте крајно свесни за тоа што Европскиот совет јасно го кажа дека го очекува од Северна Македонија, а тоа секако се однесува и на уставните амандмани за кои Северна Македонија се обврза да ги спроведе за да може да продолжи по својот ЕУ пат, истакна Писонеро во одговор на новинарско прашање за ставот на ЕК околу изјавата на Мицкоски дека „нема да прифати промена на Уставот“, како и околу „не користењето на уставното име од страна на Владата“.

Писонеро додаде и дека ЕУ веќе кажала оти жали поради не користењето на уставното име на земјата од страна на „некои македонски лидери“.

– Тоа е нешто што е договорено со Преспанскиот договор и јасно е дека сите страни треба да ги почитуваат одредбите од Договорот и да го имплементираат со добра волја. Тоа имаме да го кажеме, истакна Писонеро.

Би можело да ве интересира

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници