Писмо со сочувство од Кундерс по повод поплавите во Скопје и Тетово

Од:

Холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс вчера прати писмо со сочувство до својот македонски колега Никола Попоски по повод разорните поплави во и околу Скопје и Тетово.

– Во име на Холандија, би сакал да го искажам своето искрено сочувство до Владата и народот на Република Македонија. Нашите мисли се со оние кои загубија роднини и пријатели, со повредените и со оние кои ги загубија домовите, нагласува Кундерс во писмото со сочувство.

Кундерс им посакува на граѓаните на Македонија сила и храброст во справувањето со последиците од трагедијата.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он