Писмо со сочувство од Ахмети до семејството Бушати

Од:

Претседателот на Демокртската унија за интеграции Али Ахмети упати писмо со сочувство по повод смртта на Петрит Бушати, албанскиот амбасадор во Македонија.
– Почитувано семејство Бушати, со длабока тага ја примив веста за заминувањето од овој живот на дипломатот и патриотот Петрит Бушати.

Дозволете ми во име на сите нас при Демократската Унија за Интеграција како и во мое лично име да го изразам нашето најискрено сочувство за ова голема загува за семејството Бушати и албанската дипломатија.

Амбасадорот Бушати и неговото семејство, посебно неговата мајка Дрита, ги запознав уште многу рано, во времето кога извршувавме активности во длабока илегала и имавме целосна поддршка од семејството Бушати. Едно родољубиво и патриотско семејство кое заслужува голема благодарност од сите нас бидејќи има дадено голем придонес за поддршка на активностите за слободата и независноста на Косово и општо за албанците во поранешна Југославија, се вели во писмото со сочувство од Ахмети

Сочувствуваме, се додава, со болката на семејството и на сите нивни пријатели кои го ценат високо придонесот на амбасадорот Бушати и неговото семејство, јас длабоко во мене ќе ги чувам спомените за нашите тешки дни кога семејниот дом на Бушати ни овозможи поддршка и утеха.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он