Писмо со сочувство на Груевски до Бериша

Од:

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, упати писмо со сочувство до албанскиот премиер Сали Бериша за трагичната несреќа во која загинаа 13 студенти и шоферот на автобусот.

„Длабоко ме потресе веста за трагичната сообраќајна несреќа која се случи во близина на градот Химаре, во која беа загубени млади животи. Иако во овие тешки мигови за вас и вашиот народ не постојат зборови кои можат да ја намалат болката, споделената тага и поддршката од пријателите, претставува утеха во соочувањето со оваа ненадоместлива загуба.

– Во овие моменти на национална жалост, ве молам почитуван колега, од името на членовите на Владата на Република Македонија и од мое лично име, да ги примите изразите на искрено и длабоко сочувство. На семејствата, кои во несреќата ги загубија своите најмили, ве молам да им пренесете дека народот во Македонија искрено сочувствува со нив“, се вели во писмото со сочувство до албанскиот премиер.

Сочувство од Иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, упати писмо со сочувство до претседателот на Италијанската Република, Џорџо Наполитано, по повод трагично загубените животи во земјотресот кој ја погоди Северна Италија:

„Со длабока тага ја примив веста за големата трагедија – земјотресот што го погоди регионот Емилија-Ромања, земајќи бесценети човечки животи, оставајќи илјадници луѓе без покрив над глава. Искрено жалам за загубените животи во оваа природна непогода.

– Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејствата на настраданите, дозволете ми, од име на граѓаните на Република Македонија и од мое име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Во овие моменти на тага, нашите молитви се со Вас и со семејствата на настраданите, стои во писмото со сочувство до претседателот на Италијанската Република, Џорџо Наполитано, од претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Несреќа во Грција: Огромен кран падна врз куќа, неколку лица се повредени

Три лица се повредени во пожар во Албанија, над 2.000 се евакуирани

Мајка и татко загинаа спасувајќи го деветмесечното бебе од водите на Дунав

А1он

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри

Евростат: Албанија бележи најсилен пад на населението во Европа

А1он

Се урна тунел во Лос Анџелес: Спасени се повеќе од 30 работници