Писмена реакција од поранешниот штипски градоначалник по поднесената кривична пријава

Од:

Откако СВР-Штип соопшти за доставената кривична пријава до Основното јавно обвинителство против поранешниот градоначалник на Штип Илчо Захариев и претходниот в.д. директор на ЈП „Стипион“ за продажбата на земјиште и урување на објекти околу Градскиот базен, денеска пристигна и писмена реакција од страна на Захариев во која вели дека ова е уште едно лажно обвинение против него.

– За просторот, каде беа објектите на ЈП „Стипион“ донесен е Детален урбанистички план, усвоен од Советот на општина Штип. Продажбата на базенот и останатите парцели се со одлука на Советот. ЈП „Стипион“ со одлука на Советот доби нови простории во Новакова чешма, поранешни магацини на АРМ. Целата постапка за продажба и отстранување на објектите, кои беа руинирани е спроведена законски. Општината инкасираше околу 600.000 евра од продажбата на земјиштето за Спортско рекреативниот центар „Брегалница“, нагласува Захариев.

Тој во реакцијата забележува дека е уверен и оти и оваа лажна кривична пријава ќе биде отфрлена.

Ова е втора кривична пријава против поранешниот штипски градоначалник Захариев. Првата му беше поднесена за време на изборната кампања за Локалните избори во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“