Пишев: Ништо од ветениот мултифункционален пазар на Заев

Од:

Зоран Заев го изгуби легитимитетот, а доказ за тоа е и неоствареното ветување од локалните избори 2013 година за изградба на мултифункционален пазар, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев.

Од локацијата кај што Заев ветил изградба на 15.000 квадратни метри пазар во кругот на поранешната касарна порача дека со овој пример Заев покажал дека не може да реализира проекти.

– Зарем човекот кој не може да реализира проекти во општината каде е градонаќалник има образ да ветува проекти на државно ниво? Но, очигледно камиказа политичарот Зоран Заев. Аболициран за тежок криминал има ѓон образ, рече Пишев.

Додаде дека, народот ќе го казнел Заев, бидејќи според Пишев, тој немал реализација, немал проекти, немал доверба од народот, туку само лажни ветувања и аболиција за криминал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите